Девет македонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕ

Bez autora
Oct 14 2012

Неколку македонски компании се најдоа во топ-100 на веб-страницата SeeNews, која врши рангирање на најголемите компании во Југоисточна Европа. Во овогодишното петто по ред презентирање на најдобрите во Југоисточна Европа, на листата со топ-100 компании во регионот, на 59. место се најде рафинеријата „Окта“, која и минатата година беше единствената компанија од земјава на оваа листа. Меѓу топ-100 банки за 2012 Македонија е присутна со три - Kомерцијална банка е позиционирана на 56. место, Стопанска банка АД Скопје на 59., а НЛБ Тутунска на 64. место. Исто како и минатата година. и оваа во делот на врвните 100 осигурителни компании се најдоа „Триглав осигурување“ АД, кој е рангиран на 64. позиција, следуваат „Еуролинк осигурување“ и „Сава осигурување“ АД, на 83., односно на 84. место, „Kјуби“ на 86. и „Осигурителна полиса“ на 98. место.

Девет македонски компании меѓу најдобрите 100 во ЈИЕНеколку македонски компании се најдоа во топ-100 на веб-страницата SeeNews, која врши рангирање на најголемите компании во Југоисточна Европа.

Во овогодишното петто по ред презентирање на најдобрите во Југоисточна Европа, на листата со топ-100 компании во регионот, на 59. место се најде рафинеријата „Окта“, која и минатата година беше единствената компанија од земјава на оваа листа.

Меѓу топ-100 банки за 2012 Македонија е присутна со три - Kомерцијална банка е позиционирана на 56. место, Стопанска банка АД Скопје на 59., а НЛБ Тутунска на 64. место.

Исто како и минатата година. и оваа во делот на врвните 100 осигурителни компании се најдоа „Триглав осигурување“ АД, кој е рангиран на 64. позиција, следуваат „Еуролинк осигурување“ и „Сава осигурување“ АД, на 83., односно на 84. место, „Kјуби“ на 86. и „Осигурителна полиса“ на 98. место.

На прво место на листата со најдобрите 100 компании е „ОМВ петрол СА“ од Романија. Меѓу банките најдобра е Kомерцијална банка од Романија и во делот на осигурувањето, на прво место е „Заворовалница Триглав“ од Словенија.

Годишното рангирање на SeeNews ги вклучува компаниите со најдобри перформанси во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Kосово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и во Словенија. Според извршниот уредник на SeeNews Мира Kараџова, годинава првпат е вклучено и истражување за Турција и за Грција, со што се овозможени услови за вклучување компании од овие две земји во топ-100 листите во иднина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik